Владина делегација одаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод 23. Октомври

Владина делегација составена од Филип Николоски заменик министер за финансии, Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи заменик-министер за транспорт и врски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23-ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.
