Владата одлучи: Цената на лебот 33 денари до 31 мај
Според одлуката, во внатрешноста на државата цената на лебот ќе биде и пониска. Се укинува субвенционираната струја за производителите
Цената на лебот не смее да надмине 33 денари, за бел и полубел леб, на парчиња или цел, со тежина до 450 гр, одлучи денеска Владата.
Како што појасни министерот за економија Крешник Бектеши, оваа мерка ќе важи до 31 мај 2023 година.
„Со оваа одлука се определува цената на лебот во трговијата на мало, за бел и полубел, сечен на парчиња или цел. Највисоките цени на производите од ставот 1, на овој член, се утврдува цена која изнесува 33 денари по леб со тежина која изнесува 450 грама и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, која цена ќе биде во сооднос со тежината или во надолна линија. И оваа одлука ќе важи до 31 мај 2023 година. За да стигнеме до оваа одлука сите анализи кои се направени во министерството во економија во соработка со Државниот пазарен инспекторат и со одредени пекар“, рече министерот Бектеши на денешната прес-конференција.
Оваа одлука же биде објавена во „Службен весник“ денеска или утре.
Бектеши пресмета дека бел леб со тежина од 450 грама, треба да биде 32 денари. Според податоците на Државниот пазарен инспекторат, во одредени градови во внатрешноста, овој леб се продава и под 32 денари. Затоа донесена е одлука да се ограничи цената на 33 денари.
Исто така, донесена е одлука да прекине субвенционираната струја за производителите.
Повика на средба со претставници од пекарите, за да се намали тежината особено за најранливите категории граѓани во државата.
Пекарите вчера најавија дека доколку Владата ја ограничи цената на лебот ќе го прекинат производството.