Владата неделава ќе излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неделава се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител.
-Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.