Владата ќе ја одржи 81. седница


Фото: Б. Грданоски

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 81-ва седница, на која според дневниот ред ќе бидат разгледани повеќе точки од владината програма за работа.

Владината прес-служба соопшти дека на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе информации за проекти за унапредување на младинските политики меѓу кои Информацијата за Проектот „Дигитализирање на европската младинска картичка“, Информацијата за степенот на реализација на Законот за младинско учество и младински политики, како и Информацијата за формирање на Совет за млади и спорт, предложени од Агенцијата за млади и спорт.

Пред министрите на разгледување, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се најде и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика.