Владата даде финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” од 48 милиони денари


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициски вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари.

-Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 отсто од вредноста за инвестициски вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Со финансиските средства, како што велат е предвидена набавка на: Специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи; Градежни машини – Булдожери; Дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта и Трактор со витло.

-Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди, посочуваат под МЗШВ.