Влада: Ќе се реновира и доградува болницата „Св. Еразмо“ во Охрид
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/07/sv.-erazmo-ohrid-bolnica.jpg)
На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид, објави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, на неговиот фејсбук профил.
Со денешната одлука предвидени се два милиони евра за оваа намена и со ова, напиша тој, исполнуваме уште едно ветување.
– Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти!, напиша Николовски.