Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани во странство, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници

Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.
Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава.
Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до пет повредени побарале лекарска помош во приватните клиники.