„Визер“ и ТАВ Македонија повторно летаат до Барселона, а три пати неделно ќе се лета и до Лион


Тав Македонија и „Визер“, денеска открија дека воспоставуваат редовен лет со авион од Скопје до Лион, Франција, а повторно се воспоставува и линијата до Барселона, Шпанија.

На релацијата Барселона – Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота.

„Кон Лион воспоставуваме три летови неделно, во вторни, четврток и сабота, што значи дека можете да го организирате времето и да останете во овој преубав град подолго или покусо“, рече Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија, на денешната прес-конференција.

Тој вели дека Лион е прекрасен град, под заштита на УНЕСКО, а секој што ќе појде таму може да ужива во тамошните угостителски објекти наречени бушон. 

„Тоа е нешто како нашите балкански кафеани, но малку поразлични. Таму мое да уживате со вашите пријатели во вкусна храна и пијалоци, а ако имате среќа со вас може да седне и главниот готвач“, додаде Курт.

„По тригодишна пауза пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери Владата и Визер“, рече денеска на прес конференција Курт.

Тој верува дека оваа линија ќе биде уште попопуларна од пред три години со многу патници.  

ТАВ Македонија и „Визер“, доделуваат два билети за Барселона за летот којшто полетува на 3 мај во 18.50 часот. Деталите како може да се добијат овие билети, може да се најдат на социјалните медиуми на овие компании, а добитниците ќе бидат објавени утре, на 29 април, преку Фејсбук и Инстаграм.

На 3 мај, на првиот лет до Лион и оној за Барселона, се организира коктел односно забава, за испраќање на сите патници, како и на среќните добитници на билетите за Барселона.

Претставникот на „Визер“, Радо, откри дека авиокомпанијата набавува нови авиони, кои се поконфорни од сегашните и создаваат помалку емисии на гасови, а се и помалку бучни, со што покажуваат дека се грижат за околината и за мирот на граѓаните.

Курт соопшти дека таргетирани им се и дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларника во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.

Со Со финансиска поддршка од Владата на крајот на март требаше да стартува и летот Скопје Дубаи, но есо Флајдубаи но  е дложен за наеесен. Олеснувањето на визниот режим што го најави Владата според раководството на ТАВ ќе донесе многу патници на најавената линија.