Вишиот суд во Нови Сад го враќа обвинението за падот на бетонската настрешница на дополнување на истрагата

Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград.
Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита основаноста на обвинителниот акт.
Судот му наложи на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад – во рок од три дена од денот на прием на препис на одлуката, да донесе наредба за дополнување на истрагата со налози во поглед на околностите што бараат дополнителчно разјаснување.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ поради падот на настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица.