(Видео) Како се шират капките при кивање во затворен простор


Создадена е компјутерска симулација за да се испита колку вирус може да достигне во затворен простор. Резултатите се загрижувачки – заразените капки би можеле да заразат здрави луѓе дури и откако заразеното лице си заминало од местото на кое кашлало или кивало, пренесува британски Сан.

Научниците велат дека најдобриот начин да се избегне зараза од корона вирус е да се држите настрана од јавни места каде има многу луѓе.

– Ако одите на многу места, останете што е можно пократко – советува професорот Вили Вуринен од универзитетот Алто во Финска.