Вимблдон за првпат во историјата ќе биде без линиски судии
Управата на турнирот соопшти дека Вимблдон од следното лето ќе употребува вештачка интелигенција, односно автоматска контрола на линиите за време на натпреварите.
Технологијата зема сè поголем замав во светот на спортот, па Вимблдон реши да се ослободи од линиските судии со цел да се намали бројот на грешки на натпреварите.