Виктор Димовски навести кривична пријава за Ковачки


Директорот на Агенцијата за национална безбедност од одбрана прејде во напад и денес, по отчетот во Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР, навести кривично гонење на заменик претседателот на ова тело, Драган Ковачки, иако не го спомена по име. 

Според Димовским Ковачки бил одговорен што на еден медиум  била објавена фотографија на која, делумно прецртано,  била објавена регистерска табличка на возило на Агенцијата за национална безбедност, како и „нешто повеќе од иницијали“ на тројцата агенти што, според него, е издавање на класифицирани информации. 

-Тоа е направено од припадник на политичка партија кој долго време бил дел од безбедносните служби  и сега е заменик претседател на оваа Комисија, порача Димовски.

Според него во тек се консултации  со надлежните органи  за кривично гонење  и тие ќе одлучат за натамошната судбина на овој случај. 

За него исто така беше индикативно  што во медиуми почнало да се актуелизира прашањето за тоа кој треба да сноси одговорност во врска со овој случај и дали е тоа директорот на АНБ, како и дали тоа може да се рефлектира евентуално на неговата идна политичка, дипломатска кариера. Прашањето вели е легитимно, но Димовски го проблематизира човекот кој го актуелизирал ова, за кој вели „излезе дека се работи за поранешен министер во едно од поранешните влади, за сегашен актуелен член на оваа куќа и за човек кој води една од најважните комисии, а откако ја провериле проверката виделе дека има одредени многу важни податоци изоставени, за одредени санкционирања  во една земја членка на ЕУ во поглед на многу интересни кривични прекршоци“.  

-Понатаму што ќе се одлучува во однос на тој предмет и на останатите предмети каде што се направени одредени пропусти дополнителен ќе ве информираме. Како и да е зборувам за тоа ако сте спремни да вперите прст во некого дали има морален интегритет  кредибилитет итн. Да обвинувате дека  употребил службена положба затоа што потпишал предмет потпишан од 10 припадници на Агенцијата од кој еден не си ја завршил работата, а во исто време против вас се води судски процес за измама и злоупотреба на службена положба пред надлежните судови, треба да имате малку образ тоа да го направите, рече Димовски.