Викендов трето прскање против комарци во Скопје


Град Скопје соопшти дека претстојниот викенд, во сабота и недела, во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

– Ова е  трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а  првото на  29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес. Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје

Тие исто така ги предупредуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.