(Видео) Во пожар изгореа стотици куќи во Колорадо


Стотици куќи се уништени во пожарите во западната американска сојузна држава Колорадо, што се случи во четвртокот.

Оваа американска терторија беше  зафатена од силни ветрови и најголема суша во истроијата на државата, соопштија тамошните власти.

„Изгореа околу 370 куќи во Сагамор. Претпоставуваме дека се уништени и 210 куќи во стариот град Супериор“, изјави шерифот на округот Болдер, Џо Пел на прес-конференција.

Болдер, град со околу 100.000 жители, оддалечен е од Денвер, главниот град на Колорадо, педесетина километри.

Во оваа сојузна држава владее најголемата суша во нејзината историја, која многу придонела за лесното ширење на пожарите. Во округот Болдер пожарот проголтал хотели, трговски центри и повеќе од 650 хектари површина. Налетите на ветрот во некои деливи виле со сила од 160 километри на час, што го отежнало гаснењето на пожарите.

„Имајќи ги предвид големината и силата на пожарите, како и густата населеноста на ова подрачје, не би нè изненадило доколку има настрадани или загинати“, предупреди шерифот Пел.