(Видео) Верстапен излета од патеката


 

По фантастичниот прв круг и големата битка меѓу Верстапен и Хамилтон, за Макс трката е завршена.

Имено, дојде до контакт меѓу Верстапен и Хамилтон, а страшниот инцидент доведе до излетување од патеката на холандскиот возач. Иако изгледаше застраѓувачки, сепак, се е во ред со возачот.

Трката е суспендирана, што значи дека ќе почне одново од пит-лејнот, а на прво место изби Шарл Леклер од Ферари.

Погледнете го видеото: