(Видео) Трет дел од снимките за „Рекет“. Боки 13 го спомнува Заев

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот „Рекет“ во кој бизнисменот Орце Камчев им дава милион евра на Бојан Јовановски и на Зоран Милески.
Во ова трето видео, Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има под своја контрола.
Во видеото, Боки 13 го спомнува и премиерот Зоран Заев.