(Видео) Тренингот на македонската репрезентација хит на социјалните мрежи
На Твитер денеска беше поставена снимка од уникатната вежба на македонските репрезентивци во пресрет на натпреварот со Украина, на која се чини дека избраниците на селекторот Ангеловски тренираат со „корнети сладолед“.
Попрецизно, тие тренираа со конуси, во кои се ставени фудбалските топки, но сето заедно наликува на големи сладоледи.
Симпатично, нема што.
?? North Macedonia training, cone race edition ?@ffmmkd | #EURO2020 pic.twitter.com/wuJjTk3EaP
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 17, 2021