(Видео) Тотален бунт во Франција, милиони луѓе на улица
Во цела Франција денеска се одржуваат масовни протести во кои учествуваат милиони луѓе. Сообраќајот беше блокиран во многу градови, работници го блокираа терминалот на парискиот аеродром.

Масовните протести продолжија откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе продолжи со пензиската реформа што предизвика критики и го налути населението.
Paris airport Charles de Gaulle occupied, roads blocked,
also Beltways around Toulouse and Chambery blockedIt’s Thursday morning and there’s more to come https://t.co/ze9FKqzS9e pic.twitter.com/jhlw48u9iZ
— Timothy Robert (@timingnl) March 23, 2023
Демонстрантите го блокираа сообраќајот во главниот град на Франција, терминалот на парискиот аеродром, затворени се неколку училишта, ѓубрето се трупа на улиците. Загрозено е и производството на струја поради штрајкот на синдикатот на електраните. Во северниот град Денкерк беа блокирани терминал за гас и складиште за нафта.

На блокираните патишта се палат гуми, а зголемен е и бројот на случаи на насилство врз демонстрантите.
Макрон во средата предизвика бурни реакции кај синдикатите и опозициските партии кога ги отфрли нивните повици да се послуша зголемениот гнев кај народот.
FRANCE – This is not democracy, it’s tyranny against unarmed citizens 🔥
— Bernie's Tweets (@BernieSpofforth) March 22, 2023
„Најдобриот одговор што можеме да му го дадеме на претседателот е дека милиони луѓе штрајкуваат и на улиците“, рече Филип Мартинез, кој го предводи синдикатот.
Во Франција се организираат протести веќе четврта недела, но владата продолжува да работи на спроведувањето на пензиската реформа, која подразбира зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.