(ВИДЕО) Страотна слика од околината на Велес, пожарот не стивнува и се шири

Пожарите во околината на Велес не стивнуваат. Пожарот кој избувна во близина на езерото Младост се прошири и до самиот автопат Скопје – Велес.
За страотната глетка сведочат и видео снимките објавени на социјалните медиуми, а поради силниот ветер, пожарот се прошири на огромна површина, поради што во опасност се нашле и неколку куќи, но и сите околни објекти околу езерото.
Во гаснењето на пожарот се вклучени 50 припадници на армијата, еден хеликоптер и два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување, а во помош пристигнати се и пожарникари од Неготино и Кавадарци.
https://www.facebook.com/makedonskivesnik/videos/383797858926281/