(ВИДЕО) Старосватица се појавила како диносаурус, оти ѝ рекле да облече што сака

Венчавката на Диана Адамс и нејзиниот избраник се претворила во маскенбал, откако старосватицата дошла облечена во костим на Т-Рекс.

Прославата се одвивала на отворено во помало градче во Небраска и била со сите традиционални ритуали. Но, она што им го привлекло вниманието на сите присутни е старосватицата.

Дошла облечена во костина на диносаурусот Т-Рекс, бидејќи невестата ѝ кажала да облече што сака.

– Кога си старосватица кај најдобрата другарка и ќе ти дозволи да облечеш што сакаш – напиша под фотографиите објавени на Фејсбук, старосватицата Кристина Мидор.