(ВИДЕО) Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана: Ни децата, ни мене, не нè поканија на поставувањето на спомен-бистата


Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана што не била поканета на откривање на спомен-бистата што денеска беше поставена.

Во кругот на Полициската станица во Пробиштип, денеска се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот полициски службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Министерот Тошковски без семејството и децата на загинатиот полицаец Тоше Тодоровски во присуство само на неговиот татко и сестра денеска ја откри неговата биста во Пробиштип” обвини поранешната сопруга на Тодоровски

На минатиот марш сопругата на Тоше откри дека не е во добри односи со свекорот Винко кој според неа бил„поткупан“ од министерот со пари од полицискиот синдикат,вработување во полиција на неговата ќерка сестра на Тоше а неа иако по несреќата и ветиле помош не и дале ни денар иако е невработена а документите за семејна пензија иако и иле побарани стоеле во полициската станица во Пробиштип а таа нема средства за неа и двете деца.