(Видео) Се обидов да се ставам на местото на возачот – автотркачот Димитар Илиев со анализа за несреќата на македонскиот автобус


Бугарската национална телевизија БНТ пренесе видео на автомобилскиот тркач Димитар Илиев, кој направи сопствена анализа за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица.

Како човек кој со години се интересира за безбедноста на патиштата, автомобилскиот тркач Димитар Илиев се обиде да се стави на местото на возачот на македонскиот автобус, се вели во прилогот.

„Се акумулираа многу фактори. Го видов без да отидам на местото на несреќата, само на интернет“, изјави тој во студиото на „Денот започнува“ на БНТ.

Илиев потсети на голем број проблеми кои не смеат да се одложуваат и додаде дека алармирал уште во 2019 година – тоа се места каде што редовно се случуваат сериозни инциденти, често со жртви. Според него, тоа се замки во кои секој може да биде измамен и да дојде во сообраќајна несреќа. Поентата е дека нема волја нешто да се поправи, рече Илиев.

Што вели Димитар Илиев погледнете во неговото  видеото:

Во продолжение е и прилогот со Илиев на БНТ – започнува при крајот на видеото, на 02:15:30)