(Видео) Сахарски песок го зафати регионот: Ниту Македонија не е заобиколена


Воздухот што деновиве струи над земјите од Медитеранот, вклучувајќи ги тука и земјите од регионот, не носи само топлина, туку и песок, кој ќе биде особено присутен утре, а вчера веќе беше видлив на сателитските снимки, објавија повеќе специјализирани портали и метеоролошки институции. 

Геосфера Австрија објави анимација од пристигнувањето на песокот од Сахара, а хрватски Истрамет ја сподели на Фејсбук.

Како што може да се забележи од снимките, нејпогодени ќе бидат Италија, делови од Франција, Хрватска, но и Македонија нема да биде заобиколена.