(Видео) Ракометарот на Вардар Поповски насади дрво во Аеродром
Третиот предизвикан спортист од серијалот „Спортисти садат дрвја во Аеродром“ под мотото „Еден за сите, сите за дрво“ е ракометарот на Вардар, Мартин Поповски, а дрвото го донираше фирмата „Ми-Да Гранд Моторс“.
Идејата е да се поттикнат и други компании на општествена одговорност, кои ќе имаат задача да донираат дрвја.
Инаку, прв предизвикан спортист што засади дрво во близина на детската градинка „Лале“ беше ракометарот Столе Стоилов.
Предизвикот и садењето се претставени во шоу-емисијата што се објавува на порталот „Конкуренција.мк“.