(Видео) Пожар во градинка во Србија – евакуирани 147 деца


Пожарните екипи го локализирале пожарот кој попладнево избил во градинката „Милка Диманиќ“ во Власотинце, а во инцидентот никој не е повреден, соопштува полицијата.

Се наведува дека од предучилишната установа се евакуирани 147 деца, како и дека во гасењето на пожарот се ангажирани 12 пожарникари-спасувачи со шест пожарникарски возила.

Инаку, пред 14 часот денеска избил пожар во една од двете градинки на предшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

Се работи за градинката „Детска радост“ во центарот на Власотинце, во близина на седиштата на општината и полицијата.

Директорката на установата, Снежана Филиповиќ потврдува дека нема повредени.

„Воспитувачките беа присебни, веднаш ги изнесоа децата, никој не е повреден, а пожарникарите дошле во рок од 5 минути и го гасат пожарот. Итната помош, исто така, пристигна, но не беше потребна интервенција“, вели Филиповиќ.

Во моментот на пожарот во објектот имало околу 150 деца, за чија евакуација помогнале и граѓани, родители и вработени во соседните објекти.

Полицијата во моментов се наоѓа на местото на настанот, а подоцна ќе соопштат повеќе детали.