(Видео) Португалскиот претседател спаси две жени чиј кајак се превртел во морето


 

Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса помогна во спасувањето на две жени чиј кајак се превртел во морето во покраината Алгарве. На фотографијата се гледа како овој седумдесет и едногодишник плива кон жените кои ги носеле морските струи.

Претседателот на Португалија во моментот е на одмор за да го промовира португалскиот туризам.

Имено, економијата на Португалија многу се потпира на турситичкиот сектор кој е тешко погоден од пандемијата.

Ребелео де Доуда разговарал со новинари кога видел како двете жени паднале во морето.

Новинарите го снимија моментот кога тој вплови во морето за да им помогне. Претходно до нив стигна маж кој исто така се обидел да го сврти кајакот. На помош на крај дојде и човек до џет-ски, кој успеа да го довлече кајакот до брегот.

Претседателот откако помогна рече дека жените дошле до тука од друга плажа.

„Морските струи ги одвлекле, кајакот се превртел и тие повеќе не можеле да се качат на него“, рече тој за локалните медиуми.

Ги предупредил жените во иднина да внимаваат.