(Видео) Плантажа со марихуана откриена при пренос на велосипедска трка


 

Плантажа со марихуана на покривот на една зграда во Шпанија е откриена благодарение на телевизискиот пренос со хеликоптер за текот на велосипедска трка.

Додека хеликоптерот ги следеше велосипедистите во финишот на осмата етапа на „Вуелта“ во саботата, во тв-преносот на камерата од хеликоптерот се гледа плантажа на една зграда во Игуалада, на североистокот на Шпанија.

Каталонскката регионална полиција покрена истрага откако снимката масовно беше пренесувана на социјалните мрежи на интернет, појде во таа зграда во вторникот и заплени 40 стебла канабис, рече денеска порпаролот на полицијата за АФП.

полицијата сѐ уште трага по сопственикот на плантажата.

„Вуелта“ е меѓу трите најголеми велосипедски трки во светот, покрај италијанската „Џиро“ и „Тур д Франс“.