(Видео) Оптичка илузија или чудотворец: Новак Ѓоковиќ е снимен како „лебди“ на тениската мрежа


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе се подготвува за следната сезона, а на еден од последните тренинзи е снимена многу необична сцена.

Ѓоковиќ требаше да го игра завршниот Мастерс во Торино, кој традиционално го играат осумте најдобри тенисери во светот на крајот од тениската сезона, но поради мали физички проблеми се откажа и реши да се подготви за следната сезона.

Иако паузата изгледа долга, тенисот во Австралија е „зад аголот“ и многу брзо ќе започне новата сезона во која Ѓоковиќ сака да покаже дека се уште е подготвен за најголемите предизвици.

И додека се подготвува, Ѓоковиќ е снимен на еден од тренинзите како прави нешто невозможно. Еден од фановите го снимил како „плови“ на тениската мрежа додека изведува многу комплициран сплит.

Дали се работи за оптичка илузија или дали Ѓоковиќ навистина успеал да го направи канап и во исто време да медитира на тенка тениска мрежа е сè уште збунувачки и прашање на кое е тешко да се одговори.

Сезоната за Ѓоковиќ на АТП турнирите не беше добра, но тој ги подобри работите со освојувањето на најважната титула и она што го чекаше со години, олимпиското злато на Игрите во Париз.