(ВИДЕО) Ноле и сопругата запеаја во кафеана на Корчула


По феноменалното финале на Вимблдон против Роже Федерер, најдобриот тенисер на светот одлучи одлучи да ги наполни своите батерии на Корчула, каде што ужива со својата сопруга Јелена.

На својот профил на Фејсбук, Ѓоковиќ сподели видеоснимка каде што со сопругата Јелена пееше една од најубавите песни на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

„Магична ноќ. Пеење со клапа од Корчула. Прекрасно искуство.
Благодарен сум што вакви посебни моменти делам со Јелена“, напиша Ѓоковиќ на Фејсбук.