(Видео) Настап на Владо Георгиев во Скопје без маски и дистанца, локалот затворен заради друго

Без дистанца и маски, синоќа во угостителскиот објект „Мош“ во Скопје се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, во изјава за А1он вели дека минатата недела против истиот локал била поднесена кривична пријава.

Сепак, како што јавува А1он, локалот „Мош“ е заторен поради пречекорување на работното време, а не поради непочитувањето на мерките поради пандемијата.