(Видео) Москва ја погоди ураган, гром удри во трафостаница


Москва денеска ја погоди ураган, а потопена е станицата на метрото „Јасеново“ и телевизискиот центар „Останкино“. Гром удри во трафостаница во предградието Шчелково.

Информацијата ја соопшти метеорологот на телевијата „Русија 24“, Евгениј Тишковеч.

Поради ударот на громот во трафостаницата, без струја останаа 15.000 домаќинства.

Вода како поток влегува во метрото „Јасеново“. Заради безбедност е затворена. Ветрот однесе повеќе покриви/

Како што соопштија синоптичарите, очекуваат денеска во Москва да падне дожд колку 70 отстотен месечен просек.