(Видео) Колона тенкови се движи кон границата кај Харков

Огромна колона тенкови се движи кон границата кај Харков, јавува Си-Ен-Ен.
Си-Ен-Ен претходно објави дека најголемата борба денеска е околу Харков.
WOW @fpleitgenCNN is live on CNN right now showing an enormous column of Russian tanks moving toward the border near Kharkiv as night has fallen in Russia and Ukraine pic.twitter.com/Ge14jiO51x
— Nora Neus (@noraneus) February 26, 2022
Пентагон: Бавен напредок на руските трупи поради силниот отпор
Русија располага со најмалку 50 отсто од своите сили за масивна инвазија на Украина, но напредува бавно поради неочекувано силен отпор, изјави висок американски воен претставник.
„Според нашите проценки, повеќе од 50 отсто од руските сили што Путин ги фрли против Украина … се распоредени внатре во Украина. Има знаци дека Русите се повеќе се разочарани што нема напредок во изминатите 24 часа, особено во северна Украина“, рече претставникот.
Според него, „руската војска сè уште не презела контрола врз ниту еден град во Украина, ниту пак стекнала воздушна супериорност“. „Руските трупи остануваат на околу 30 километри од Киев, рече официјалниот претставник, нагласувајќи дека ситуациите на бојното поле динамично се менуваат.