(Видео) Кокаин вреден 144 милиони долари пренесен во багер од Јужна Африка во Австралија


Огромна количина кокаин е најдена во Австралија откако била скриена во багер тежок 20 тони, јави Раша тудеј.
Багерот бил пренесен со брод од Јужна Африка во Австралија, а австралиската гранична полиција го пронашла кокаинот по скенирање на багерот сместен во контејнер.
Криумчарите во багерот сокриле 384 килограми кокаин вреден 144 милиони долари. Пронаоѓањето на кокаинот доведе до две значајни апсења на криумчари во Бунгендор.