(Видео): Ким Џонг-ун го сврте прекинувачот и предизвика огромна експлозија на идното градилиште

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун активирал експлозив и предизвикал голема експлозија за време на церемонијата на поставување камен-темелник на градилиште во главниот град, објавија државните медиуми.
На снимката се гледа како Ким држи говор во Пјонгјанг, опкружен со толпа луѓе, пред да го сврти прекинувачот и да го активира експлозивот. Со проектот се очекува да се изградат 10.000 станови во предградието Хвасонг, дел од петгодишниот план за изградба на 50.000 нови станови.
North Korean leader Kim Jong Un holds a ceremony on the anniversary of his deceased father’s birthday, and detonates explosives as part of a building project which has lasted five years.https://t.co/WSFKnlk6kX pic.twitter.com/WIKvTQLJhk
— Sky News (@SkyNews) February 17, 2025
Тој им се обрати на стотици луѓе, наводно градежни работници, кои стоеја во уредни редови и носеа шлемови на главите.
Го посети семејниот мавзолеј
„Областа Хвасонг наскоро ќе стане попозната не само како лулка на среќниот и цивилизиран живот на луѓето, туку и како земја на историјата, раскажувајќи нови чудесни приказни за нескротливата социјалистичка Кореја“, рече Ким во говорот преведен од државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА).
Голем број нови станбени блокови веќе се изградени во областа Хвасонг во последниве години.
Ким вчера го посети и семејниот мавзолеј за роденденот на неговиот татко. Роденденот на Ким Џонг-ил, кој се паѓа на 16 февруари, нашироко се слави како главен празник во Северна Кореја, наречен Ден на блескавата ѕвезда. Но, тоа беше прв пат по четири години младиот Ким да ја посети палатата на сонцето Кумсусан во главниот град Пјонгјанг, во која се сместени балсамираните тела на неговиот татко и дедо, за годишнината.