(Видео) Ја запроси на стадион, а таа не го ни погледна

На дербито од фудбалскиот шампионат на Албанија меѓу Тирана и Партизани „падна“ барање за брак, но помина прилично неславно. Навивач на гостинскиот тим се симна од трибините, клекна и ја отвори кутијата со прстен пред атрактивната новинарка Геа Браха.

Таа, за жал, не го ни погледна, сконцетрирајќи се на работата. Имено, таа во секој момент очекуваше вклучување во живо за својот медиум, па немаше време ниту за насмевка кон романтичниот навивач.

„Добив покана за брак, само што без преокупирана со работа“, подоцна се пофали Браха на социјалните мрежи.