(Видео) Израелската армија ја разнесе Палатата на правдата во Газа


Израелската армија вчера ја разнесе главната зграда на судот во Појасот Газа, позната како Палата на правдата, која се наоѓа во јужниот дел на градот Газа.

Израелската армија објави видео на Платформа X на кое се гледа моментот кога војниците ја разнесоа целата седумкатна зграда, која беше свечено отворена во 2018 година.

Изградбата беше финансирана од Катар
Радиото на израелската армија соопшти дека зградата се користела како судска зграда за палестинската група Хамас.

Изградбата на зградата е финансирана од Катар, а од нејзиното отворање со неа управуваат Министерството за правда и Врховниот суд со седиште во Газа.

Од 7 октомври израелската армија уништи повеќе од 100 владини згради. Хамас, кој владее со Појасот Газа од 2007 година, претходно објави дека израелските власти се обидуваат да ги уништат сите аспекти на животот во Газа, вклучително и здравствените и урбаните услуги, како и другите витални услуги за жителите на Газа.