Израел ја урна зградата во Газа каде беа редакциите на Ал Џезира, АП и Франс прес (Видео)


Дванаесеткатницата во Газа со канцеларии на медиумски куќи, катарската телевизија Ал Џезир“ и новинските агенции Асошиејтед прес и Франс прес урната е денеска со израелски проектили, објави очевиден од агенцијата Ројтерс.

Сопственикот на зградата претходно бил известен дека следува израелски напад, вели известувачот на Ројтерс и потврди дека зградата била евакуирана.

Во зградата освен редакциите на медиумските куќи има и бројни станови, додава Ројтерс.

Агенцијата Франс прес јавува дека телевизијата Ал Џезира во живо го пренесувала уривањето на зградата.

„Бомбите во секој момент можеа да паднат во нашите канцеларии. Трчавме по скалите од 11 кат и сега гледаме оддалеку, молејќи се израелската војска да се повлече“, напиша на Твитер пред самото ракетирање Фареш Акрам, дописник на американската агенција АП од Газа.

Изламистичкото движење Хамас кое е на власт во Појасот Газа и израелската војска од понеделникот разменуваат оган од палестинската енклава на израелска територија, односно на самата енклава каде живеат околу два милиони жители.

Според последните податоци, на палестинска страна убиени се 139 луѓе, од кои 39 деца, а илјадници се ранети.

кон Узраел се испалени повеќе од 2.300 палестински ракети од понеделникот и убиени се девет лица, од кои едно дете и еден војник, а ранети се повеќе од 560.