(ВИДЕО) Индискиот Худини се удави среде настап


Индиски илузионист исчезна откако беше потопен во реката Ганг, врзан за синџири и јажиња.
Чанчал Лахири, познат под името „Јадруган Мандрак” или волшебникот од Мандраке, беше спуштен вчера во реката во градот Калкута во жолто-црвен костим.
На 40-годишниот илузионист цврсто му беа врзани нозете и рацете и на ужас на сите гледачи, пријателите и семејството, тој не излезе од водата.
Спасувачи ја пребара  реката, но сѐ уште не е пронајдено телото на волшебникот.
„Стравуваме дека се удавил”, рече Сид Ваква Раза од речната полиција.
Пред несреќата, Лахири изјави дека успешно се извлекол од истата ситуација пред 21 година, на истото место во реката Ганг.
„Бев во кафез со непробојно стакло. Кафезот беше заклучен и бев врзан за синџири. Се спуштив во реката од мостот во Хора и во рок од 29 секунди излегов”, рече тој, но призна дека веројатно ќе биде потешко да се ослободи овој пат.
„Ако можам да го отворам кафезот, тоа ќе биде магија, а ако не можам, тоа ќе биде трагедија”, рече илузионистот пред настапот.
Настапот бил инспириран од славниот илузионист Худини.