(ВИДЕО) Храбро и трогателно: Tаткото решил да му го подари срцето на синот


Трансплантација на срце била единствениот спас за да преживее синот и тоа што побрзо. Времето истекувало многу брзо, а семејството немало толку финансии колку што биле неопходни за операцијата. Таткото одлучи да преземе многу храбра одлука, решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

Трогателната приказна што молскавично се шири по социјалните мрежи ја раскажува актерот Луис Сандерсон, кој видеото го снимил за еден кастинг.

„Во еден момент, синот го прашал својот татко: -Тато, а што ќе ми подариш за следниот роденден?

Тогаш таткото решил да му напише писмо на својот син, насловено со зборовите „Ти го подарив моето срце“.

Еве ги последните зборови на таткото, кои ги напишал во писмото наменето за неговиот син:

„Здраво сине, ти најдов ново срце… Едноставно посакав да ти кажам неколку нешта.

Сакам секогаш да ја слушаш твојата мајка, бидејќи таа е твојата најдобра пријателка и бидејќи семејството е многу важно.

И девојките… Сè уште си мал за нив, но кога ќе дојде време и за тоа, однесувај се кон нив како кон принцези.

И доколку си рекол нешто, и доколку си ветил нешто, направи го тоа, бидејќи твојот збор мора да вреди.

И доколку имаш можност да заработиш пари, искористи го тоа, дури и ако тоа понекогаш значи да ја наведнеш главата.

Не биди глупак како татко ти. Сè ќе биде многу полесно, доколку имаш пари.

Не пуши цигари, не консумирај наркотици, секогаш обиди се да бидеш добар и чесен човек.

Доколку некој се обиде да те повреди, биди маж и заштити се.

И внимавај, лошите денови да не те скршат. Во животот има многу убави нешта.

Јас секогаш ќе бидам овде до тебе. Точно тука (посочува кон срцето).

Ќе се видиме подоцна сине.

Те сакам! “