(Видео) Хеликоптерите гасат во Пехчевско – полнат вода од браната во Берово


Утрово околу 9 часот почна гасењето на пожарот во Пехчевско од воздух. Пет хеликоптери од Србија и од Македонија, се упатија кон ова мало место на истокот на земјата, од каде вчера жителите преку социјалните мрежи повикуваа за помош. 

Хеликоптеритње полнат вода од браната кај Беровското Езеро. Жители на Берово испратија видео-сминка до „Независен весник“ во кое се гледа хеликоптер кој пренесува вода до Пехчевско. 

– По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.

 
Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух – напиша дирекоторт на ЦУК, Стојанче Ангелов на Фејсбук.
 
Како што синоќа рече командирот на Одделението во Територијалната противпожарна единица – Берово, Димитар Букушовски, пожарот е сѐ уште активен иако екипи трет ден учествуваат во негово гасење.
 

Според него, помошта од Република Бугарија е добредојдена.

-Им благодариме на колегите за напорите кои ги имаат направено за да може да дојдат до тука со две цистерни, неколку возила и со 20-25 пожарникари. На друга позиција се горе. Да се надеваме дека се ќе биде добро. Нивната помош е драгоцена, ќе ни помогне да успееме да го санираме пожарот, истакна Букушовски.

За вакви пожари, со толкав интензитет, оцени, има повеќе причини – висока температура, скоро 40 степени, 50 дена без дожд, ветер.

-Голем пожар не настанува случајно и туку така. Пожарот се шири, колку што се моите информации, требаше да се дејствува од воздух, бидејќи вакви комбинирани пожари, приземен, стебло и крошна тешко се гасне од земја и со возила. И возилата ни се со ограничени можности на дејствување. Меѓутоа и хеликоптерите се исто така со ограничени можности, така што, еве, како што гледате, почнува да се шири пожарот. Правиме се што е во наши можности и напори за да биде локализиран, истакна командирот.