Вицепремиерот Димитров ќе се обрати на Белградскиот безбедносен форум


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе се обрати на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум, што започна вчера.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров учествува на Форумот на покана на Белградскиот центар за безбедносни политики, како дел од организаторската тројка.

– Вицепремиерот Димитров, заедно со претставниците на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со резултатите од Берлинскиот процес и исполнувањето на очекувањата, како и идните можности за искористување на оваа платформа за регионална соработка и европска интеграција на регионот, соопшти СЕП.