Вежбањето, во организмот, ги зголемува супстанците слични на канабис


Ново истражување открива дека вежбањето во нашето тело може да го зголеми производството на супстанци слични на канабис, кои го намалуваат воспалението и потенцијално можат да помогнат во превенција на состојби како артритис, срцеви заболувања, па дури и рак.

Студијата, објавена во магазинот „Гуд микробс“, откри дека луѓето со артритис по вежбањето не само што забележуваат намалување на болката, туку имаат и пониски нивоа инфламаторни маркери наречени цитокини, но и зголемување на супсатаницијата налик на канабис – ендоканабиноид.

Заклучено е дека само 15 минути вежбање дневно е доволно за значително намалување на болките.

За студијата, истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Нотингам во Велика Британија регрутира 78 лица со артритис на колената. Триесет и осум од учесниците изведувале 15-минутни вежби за зајакнување на мускулатурата секој ден во текот на шест недели, другите 40 не правеле ништо.

Истражувачите открија дека оние кои вежбаат не само што ги намалиле болките, туку имале и повеќе видови микроби во цревата кои произведуваат противвоспалителни супстанци. Учесниците исто така, имале пониско ниво на цитокини (индикатор на воспаление) и повисоко ниво на ендоканабиноиди.

Според истражувачите, најмалку една третина од противвоспалителниот учинок на цревните микроби е последица на зголемениот број ендоканабиноиди, природни неуротрансмитери кои се произведуваат во телото.

Додаваат дека овие супстанци се „врзани“ за различни функции и влијаат на расположението, енергијата, памтењето, апетитот и нивото на болка.

Амита Виџеј, истражувач од Медицинскиот факултет и прв автор на студијата, признава дека била изненадена од наодите.

„Резултатите се изненадувачки затоа што можеби ја пронајдовме клучната врска меѓу тоа како супстанците кои ги произведуваат цревните микроорганизми реагираат и се во интерацкија со супстанците кои ги произведуваат нашите тела, а кои ни зборуваат дека физичката вежба го намалува воспалението“, вели Виџеј за „Хелтлајн“.

Според неа, резултатите од оваа студија нагласуваат дека промените во начинот на живот како вежбање може да влијаат на производство на ендоканабиноиди и унапредување на здравјето.

Стручњаците велат дека, иако вежбањето може да му користи на телото на многу начини, важно е да разговараат со својот лекар пред да започнат со режим на вежбање, посебно по неодамнешна повреда или ако имаат кардиоваскуларна болест.