Вештачката интелигенција реши математички проблем стар 170 години
Римановата хипотеза е математички проблем стар речиси 170 години, кој се занимава со прости броеви и се смета за најпознат математички проблем во светот
Математичар вработен во компанијата „Антропик“ вели дека со помош на четботот на оваа компанија, базиран на вештачка интелигенција, успеал да ја докаже познатата Риманова хипотеза.
Денот откако „Антропик“ дебитираше на американската берза, Левент Алпог рече дека го користел четботот Клод околу шест недели за да развие детален доказ за овој математички проблем.
Доколку доказот се покаже како точен, тоа би бил еден од најзначајните математички резултати во историјата.
Алпог го опиша како „зора на нешто многу поголемо во целата наука“.
Тврдењето доаѓа откако компаниите за вештачка интелигенција, како што е ОпенАИ, во последните месеци објавија серија решенија за сложени математички проблеми што ги збунуваа научниците со децении.
Што се однесува до доказот за Римановата хипотеза, кој беше презентиран на 20 ноември, тој е создаден со користење на верзија на моделот на АИ на Клод на „Антропик“.
Станува збор за математички проблем стар речиси 170 години, кој се занимава со прости броеви и се смета за најпознат математички проблем во светот, првенствено поради неговата извонредна сложеност.
Хипотезата е именувана по математичарот Бернхард Риман и ја наведува претпоставката дека простите броеви имаат одреден образец на распоред на бројната оска.
Прстите броеви се основа на повисоката математика, поради што секој значаен напредок во нивното разбирање би можел да има широко распространето влијание.
Алпог рече дека испратил порака до Дарио Амодеи, извршниот директор на „Антропик“, директно прашувајќи го како може јавно да го објави откритието.
„Времето е навистина ужасно“, рече Алпог, осврнувајќи се на јавната јавна понуда на „Антропик“.
„Да можев, ќе го завршев сето ова многу порано“.
„Целосно сум свесен дека сум единствено одговорен за чувството дека едноставно не можам да поднесам да чекам повеќе“.
Целосниот текстуален доказ презентиран од Алпог е напишан на програмскиот јазик Lean, кој се користи за формална верификација на математички докази и се протега на повеќе од 250.000 страници.
Теренс Тао, еден од најпочитуваните математичари денес, изјави дека ќе помине долго време пред доказот да биде верификуван.
„Претпоставувам дека процесот на проучување и верификација ќе потрае некое време, иако во овој случај барем имаме човечки автор со кој ќе комуницираме и кој може да ни помогне во таа задача“, рече Тао.
Во големите математички докази до кои дојде вештачката интелигенција претходно оваа година, очигледно немало таков човечки автор.
Во септември, ОпенАИ тврдеше дека неговите вработени, користејќи нејавна верзија на алатките за вештачка интелигенција на компанијата, успеале да решат дел од исклучително тежок математички проблем за само 88 часа.
Проблемот бил поврзан со равенките Навиер-Стокс, кои го опишуваат движењето на флуидите.
Повеќе од 10.000 агенти на вештачка интелигенција, или компјутерски ботови програмирани да функционираат со одреден степен на автономија, учествувале во оваа задача како дел од вежба за обука за вештачка интелигенција.
Доказот објавен од ОпенАИ во врска со равенките Навиер-Стокс сè уште не е потврден како точен.
Неговото објавување предизвика критики во академските и математичките кругови, како и меѓу научните организации, за употребата на вештачка интелигенција за решавање математички проблеми.
Група математичари изјави дека фалењето на компаниите за вештачка интелигенција со големи научни достигнувања со цел да го демонстрираат напредокот на нивните комерцијални производи е „штетно за математичката наука“.
„Сведоци сме на општа закана за интелектуалната работа, со несовпаѓање помеѓу резултатите од употребата на вештачката интелигенција и нејзината првична намена“, рекоа научниците во заедничко писмо.
Еден месец подоцна, ОпенАИ објави она што го презентираше како решенија, докази или значаен напредок во решавањето на уште 372 отворени проблеми во вишата математика.
Ќе бидат потребни месеци, а можеби и многу подолго, за експертите темелно да ги проверат овие тврдења и да уврдат дали се навистина вистинити. (Би-Би-Си)