Венеција под вода – конечно активиран одбранбениот систем за поплави
Системот, кој би треба да ја заштити Венеција од поплави, беше активиран синоќа во 3 часот по локално време, откако вчера не успеа да се вклучи, јави ААФ, цитирајќи ја италијанската агенција АНСА.
Вчера попладне, откако невреме со поројни дождови погоди голем дел од Италија, нивото на водата во Венеција достигна 138 сантиметри, но системот на насипи не функционираше.
Некои од обележјата на градот, како што е плоштадот „Свети Марко“, беа поплавени.
Сè уште не е јасно зошто системот не преработе вчера.
Лошото време во Италија продолжува. Постои ризик од одрони и лавини.
Новиот систем за заштита од поплави за првпат беше користен на почетокот на октомври и успешно ја заштити Венеција од „висока вода“.
Системот се состои од 78 жолти бариери, кои се наоѓаат на почетокот на венецијанската лагуна.
Системот за бариери „Мојсеј“ вреди 5,5 милијарди евра. Неговата изградба беше придружена со корупциски скандали и го надмина својот буџет, поради што распоредот беше презакажан. Работата на неа започна во 2003 година. Тестирано е во јули оваа година и инженерите утврдија дека е подготвен за употреба во лоши временски услови.
Поплавите во Венеција се должат на комбинација на фактори влошени од климатските промени, покачување на нивото на морето и невообичаено голема плима, како и одрони. Системот „Мојсеј“ е дизајниран да ја заштитува Венеција од плимата и осеката до 3 метри.