Велосипедист и жена на електричен тротинет настрадаа во две одделни сообраќајки


Илустрација Фото: Б. Грданоски

 

Во две одделни сообраќајни незгоди настрадаа велосипедист и возач на електричен тротинет во Скопје.

Имено, во вторникот, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љубљанска“ во Скопје, патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(33) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Ф.Н.(51) од Скопје.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„23 Октомври“ во Скопје, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(24) од Скопје, удрило во електричен тротинет, управуван од М.Д.Ј.(45) од Скопје.

Во незгодата М.Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.