Велика Британија од денеска го забранува сексот со лице од друго семејство и надвор од домот
Во Парламентот на Велика Британија денеска ќе биде претставен нов закон со кој се забранува каков било контакт, на јавни и приватни места, меѓу две лица кои не живеат заедно. Ова е по барање на здравствените власти, како нова мерка за изолација на корона вирусот, што сѐ уште е во сила.
Според тамошните медиуми, ова значи и дека сексот со лице од друго семејство, надвор од куќата, ќе биде забранет.
Сексот на јавни места, досега и онака беше забранет.
„Ниедно лице не може, без разумно оправдана причина, да преноќи на место, различно од она каде што живее“, се вели во текстот на предложениот закон. Казната предвидена со новиот закон би била 100 фунти, односно 50 фунти, доколку се плати првите 14 дена.