Велешката полиција казнува возачи кои непрописно претекнуваат


Полициски екипи на СВР Велес, вчера извршиле контрола на возачи кои претекнуваат непрописно и не држат страна на движење, при што биле регистрирани 12 возачи кои направиле таков прекршок, од кои, во Велес девет и во Кавадарци три возачи.

– Во Неготино не биле регистрирани возачи кои направиле таков прекршок, информираат од СВР Велес.