Вечерва повторно енормно загадено во Лисиче, Гостивар и Кичево


Според мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање Лисиче во моментов дише најзагаден воздух, односно измерени се неверојатни 435 mg/m3, што значи дури осум пати повеќе ПМ10 честички во воздухот од дозволеното ниво.


Потоа следува Гостивар со 313 mg/m3 и Кичево со 290 mg/m3.

Нешто помала е концентрацијата на ПМ10 честички во Тетово каде се измерени 287 mg/m3, Куманово 262 mg/m3 и Битола со 250 mg/m3.