Вечерна богослужба и литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.
По Вечерната, ќе следува литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје.
Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите верници да земат молитвено учество на вечерната богослужба и на литијата.