Вардар доби нов сопственик, Атила Бижен Жалили


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави денеска промена во сопственичката структура.

Во штурото соопштение објавено на социјалната мрежа Икс се наведува дека нов сопственик на Вардар е Атила Бижен Жалили, во чија сопственост преоѓаат 85 отсто од акциите на клубот.

„Од 07.10.2024-та, по претходно потпишан договор, заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили преземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото“, соопшти Вардар.

Во клупското соопштение се додава дела со промената на сопственичката структура „следува финансиска, организациска и резултатска консолидација на ФК Вардар“.